Меѓу фудбалските ѕвезди, кои ќе настапат на претстојното ЕУРО2020, вкупно 25 имаат повеќе од 100 репрезентативни настапи, а македонскиот капитен Горан Пандев е на делба на осмото место со полскиот голгетер Роберт Левандовски.
Од дебито во македонскиот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција, Пандев собра 118 настапи во националниот дрес и постигна 37 голови, вклучувајќи го и историскиот против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство.
Од фудбалерите, кои се очекува да настапат на ЕУРО2020, најмногу одиграни натпревари во националниот дрес има португалскиот капитен Кристијано Роналдо.
Топ 10 фудбалери на ЕУРО2020 според бројот на репрезентативни настапи.
1, Кристијано Роналдо – 173, 2. Лука Модриќ – 137, 3. Жоао Мутињо – 130, 4. Себастијан Ларсон – 128, 5. Марек Хамшик – 126, 6. Јан Вертонген – 126, 7. Серхио Бускетс – 122, 8. Горан Пандев – 118, 8. Роберт Левандовски – 118, 10. Пепе – 113.