Македонка уценувала познат светски фудбалер

dejan-lovreuk67i76eren

Македонката Марика Томљановиќ-Kипријановски (29), за која  пред неколку години се пишуваше дека организирала синџир елитна проституција во Хрватска, се почесто се спомнува и во аферата со уцена на познатиот хрватски фудбалер Дејан Ловрен, пишуваат тамошните медиуми.

Хрватската полиција уште истражува дали постоел обид од Ловрен да се извлечат пари за да не се објават фотографии од прељубата на неговата сопруга со неговиот пријател од детството Дарио Торбиќ. Kипријановски засега се поврзува со Анита Дражиќ, која наводно била киднапирана од Торбиќ за да не ги информира Ловренови дека им подготвува уцена, а со која разменувала СМС-пораки во врска со случајот. Освен тоа, Kипријановски му била поранешна девојка на Торбиќ и со него има дете.

Сопругата на Ловрен, Анита наводно на Дражиќ и дала 100.000 куни затоа што ја информирала за намерите на Торбиќ. Тој сакал со објавување фотографии од љубовната врска со Анита да ги принуди Ловренови да се разведат, а тој потоа да и ги земе парите на сопругата на фудбалерот, кои би ~ припаднале по разводот. Kога разбрала за намерите на љубовникот, таа му се вратила на сопругот.

Аферата изби во Велика Британија, каде што Ловрен игра за фудбалскиот клуб „Ливерпул“ кога таблоидите објавија фотографии на кои се гледаат Анита Ловрен и Торбиќ во постела. Весникот „Јутарњи лист“, пак, во петокот објави СМС-пораки што ги разменувале Дражиќ и Kипријановски, од кои е јасно дека станува збор за нечисти игри, а се спомнува полиција, објавување материјали, промени на искази…

marina

ALL'S FAIR IN LOVREN WAR Liverpool star Dejan Lovren missed Euro 2016 in bid to save his marriage after wife cheated on him
ALL’S FAIR IN LOVREN WAR Liverpool star Dejan Lovren missed Euro 2016 in bid to save his marriage after wife cheated on him




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.