Фудбалската репрезентација на Македонија ја шокираше Италија исто како што ги шокираше Германците на гостински терен.
Со голот на Александар Трајковски во 92-та минута, нашите момци триумфираа на стадионот “Ренцо Барбера” во Палермо и ќе играат против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар годинава.
Над 3.000 навивачи вечерва беа ветер во грб на нашите фудбалери и славеа огромна историска победа против европскиот шампион Италија.
Италијанците паднаа на македонското катанаџо и покрај 30-тина шутови кон нашиот гол не успеаа да ја затресат мрежата на Столе Димитриевски.
Сето тоа беше казнето од Трајковски во самиот финиш за целосна штама кај илјадната италијанска публика.
БРАВО МОМЦИ, покажавме…можеме и против Португалија, само храбро!