Македонската ракометна репрезентација по двете победи против Тунис и Ангола, го доживеа првиот пораз на Светското првенство во Франција.
Македонските ракометари не најдоа решение за брзите Словенци, правеа многу грешки и беа целосно прочитани. Даваа се од себе, но ништо не им одеше од рака, а тоа противникот на најдобар начин го искористи.
Но ништо не е загубено, веќе за два дена ракометарите ќе имаат поправен испит против фаворизираната Шпанија. Она што е сигурно е дека нема да се штедат и ќе “гинат” за секоја топка по теренот.
Ракометарите се нашите херои, а во овие моменти најважна им е поддршката на навивачите. Фалангата и денес беше осми играч на теренот и ги бодреше ракометарите до последната минута.
Ф.Г.