Вкупно 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција за да помогнат во што побрзо пронаоѓање на настраданите од катастрофалниот земјотрес.
„Застануваме солидарно, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња. На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме“, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Во меѓувреме, од различни градови од Македонија се најави дополнителна помош од пожарникари и рудари за да се помогне на најпогодените од овие области.