МАКЕДОНИЈА Е БИБЛИСКА ЗЕМЈА: Прочитајте колку пати се спомнува Македонија во Библијата!

Македонија во Библијата се спомнува најмалку 26 пати. За Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Но, освен бројните историски текстови и записи што сведочат за тоа, овој пат во прилог ви доставуваме неколку важни моменти од Библијата, во кои се спомнува името Македонија:

Во оваа статија би сакал да ви приложиме неколку извадоци од Библијата ( Светото Писмо ) во која името Македонија и Македонци се споменува повеќе пати. Ова е доказ дека Македонија постоела уште во времето кога Библијата била пишувана, а како што знаеме сите Македонија е дури постара и од Исус и Библијата.

Дела Ап.: 16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија – помогни ни!”
16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.

16:12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.

18:5 А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.

19:21 Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”

19:22 И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија.

20:1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.

20:3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.

Римјаните: 15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.

1 Коринтјани: 16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;

2 Коринтјани: 1:16 и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја.

2:13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.

7:5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.

8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;

11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.

Филипјани: 4:15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.

1 Солунјани: 1:7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.

1:8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.

4:10 а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе

1 Тимотеј: 1:3 Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.