Владеачката „Единствена Русија“ вчера ја потпиша Декларацијата за соработка со претставниците на политичките партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија со која потписниците се залагаат за формирање на воено неутрални територии на Балканот.
Потписниците на Декларацијата укажуваат дека во рамките на „смалувањето на меѓународната тензија“, посебно значење за Југоисточна Европа претставува развојот на иницијативата на „низа балкански политичари за формирање на територија на суверени неутрални држави во кои би биле Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина“ се наведува на сајтот на „Единствена Русија“
„Тој проект има за цел да стане стратешка регионална доктрина и во иднина да биде инкорпорирана во општоевропските стратегии за нова континентална архитектура на безбедноста“, се наведува во соопштението на партијата.
Во соопштението се вели дека потписниците на Декларацијата, разгледувајќи ги актуелните проблеми на балканските и општоевропската безбедност, истакнуваат неопходност за барање на заеднички „вонблоковски решенија“.
Во Декларацијата се истакнува дека интересот кон развој на соработка за балкански земји со земјите од Евроазискиот економски сојуз, како и ширењето на мултилатералната соработка во трговско-економските, енергетските и други сфери на интерес, наведуваат од „Единствена Русија“.
Како што се наведува на сајтот на партијата, Декларацијата од руска страна ја потпиша и високиот функционер Сергеј Железњак на маргините на 15-тиот Конгрес на партијата во Москва. Во соопштението се наведува и кој ја потпишал декларацијата од балканскиот регион. Железњак за новинарите рекол дека за Русија Балканскиот регион има „огромно историско значење“.
Македонскиот потписник на декларацијата е Иван Стоилковиќ, претседател на Собраниската Комисија за соработка со Руската Федерација.
Извор: Инфомакс