Во малото место Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо, демократите слават победа одкако Фил Наумов е избран за судија на вчера одржаните избори.
Наумов е по потекло од Македонија, поточно неговиот дедо се има доселено во САД во 1921 година.
Наумов ги победи своите ривали: републиканецот Ендру Кларк и независната кандидатка Кели Бандел, освојувајки притоа 51,7% од гласовите. Локалните медиуми јавуваат дека Наумов заплакал од радост кога ги слушнал резултатите од изборите.
-Ова е кулуминација на мојот американски сон, сите ќе бидете горди на мене, ве уверувам- изјави Наумов по дознавањето на резултатите.
Инаку тој работи во локалниот суд веќе 25 години, и на овие избори го замени претходниот судија Џејмс Де Вис, кој по 28 години мораше да замине во пензија. Во САД локалните судии имаат доживотен мандат, односно нивниот избор важи се додека не заминат во пензија, додека нивното место го завзема нов судија кој мандатот го добива на избори.
Извор: “Инфомакс”