За утре, 24.11.2018 година, во сојузната држава Викторија во Австралија закажани се парламентарни избори, на кои како независен кандидат ќе настапи и Никола Ставрески, Македонец кој долги години живее во Мелбурн.
Ова ќе биде голем ден за нашинците во Австралија, особено ако се има во предвид дека гласовите на Македонците во населбите Томастон, Лајлор, Епинг, Епинг Норт, Волерт и Мернда, се повеќе од доволни за Ставрески да стане пратеник и да ги застапува интересите на македонските иселеници во Парламентот.