Без оглед на сите негови мани, моделот Zastava 101, односно Skala, односно Yugo 311, најпознат како „Стоеден“ или „Стокец“, засекогаш ќе остане срцата на многу генерации од повозрасните кои имаат прекрасни спомени поврзани со ова возило.
Меѓутоа, приказната за „Стокецот“ ни одблиску го нема доживеано конечниот крај, благодарение на ентузијазмот на македонскиот дизајнер кој на мрежата „Behance“ постави фотографии од „Стоеден“ со футуристички дизајн.
Михаел Мерклер, кој на Behance е потпишан со потекло до Гостивар, го искористи култниот модел како инспирација за неговите дигитални дизајнерски визии – објави порталот “Таратур”.
Мерклер дава личен увид како би можела да изгледа современата верзија на „Стоеден“ доколку ја преживееше транзицијата, и тоа како спортски „хечбек“. Под името Yugo GT 5000 Concept, имате можност да видите „Стокец“ каков што никогаш не сте ни можеле да замислите.
Целиот текст и фото галерија погледнете ги ТУКА