Маж викнал полиција во прилепско, па заврши во станица

Во текот на вчерашниот ден околу 19.30 часот во Ропотово полициски службеник физички бил нападнат од Г.Т.(36) од село Ропотово, општина Долнени.

Полицискиот службеник отишол во домот на Г.Т. по негова пријава за семејно насилство извршено од неговиот татко и неговата сопруга, информираат од МВР.

Но, кога влегол во дворот, Г.Т. физички го нападнал.

Г.Т. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.