Обвинетиот оперски пејач Игор Дурловски, еден од лидерите на „За заедничка Македонија“, во воведниот збор рече дека во постапката ќе докаже оти влегол во Собранието 30 минути после толпата и дека не држел потпалувачки говори ниту пред ниту во Собранието.
„Ако пеењето на химната е грешка, тогаш сум згрешил и ќе грешам“, кажа Дурловски во воведните зборови.
Извор: “Република”