Џенова оваа сезона дефинитивно е рак рана за Јувентус. Ако во Торино беше 1:1, денеска “старата дама” беше поразена со 2:0, а најзаслужен за првиот пораз на Јуве беше капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.
Пандев влезе во игра во 60-та минута од натпреварот, а веќе во 72-та му асистираше на Стурарао за 1:0.
Само десетина минути подоцна Пандев на мајсторски начин ја затресе мрежата за 2:0 и сигурни три бода за Џенова.
Погледнете ги головите во продолжение: