Магија која плени – Крушево на саeмот за туризам

елее4е и наташа саем

Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови  партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век

Оваа година Општина Крушево за прв пат учествува на Саемот за туризам, претставувајќи го Крушево како туристичка дестинација атрактивна за посета на туристи преку целата година.

12992001_10208527346328481_1691453650_o

12986681_10208527344808443_1073091884_o

12986720_10208527342728391_721518024_o

Крушево Ви нуди авантури за сите сезони
Крушево на планина – сместено помеѓу најубавите планини во Мкедонија, насекаде ќе ве следи преубава глетка и по некое парче од нашата историја.
Крушево на точак – Никако не пропуштајте извонредна прилика да уживате во природата на точак. Нашите мапирани патеки ќе ги најдете на www.discoverkrushevo.com –  Тука го имаме настанот Крушево низ корија секое лето  – масовен настан за возење на точак низ Крушевските планини.
Крушево на снег– Зимата секако највозбудливиот период за нашите најмили . Крушевските планини се благи и пријатни за уживање во снежните активности. Се  тоа комбинирано со историјата Ви нуди можност за одлична зима преполна со убави моменти и сеќавања.
Крушево на небо – Дефинитивно најпрепознатливиот спорт во Крушево е летањето со параглајдер. Летајте и видетеја Македонија на дланка од небо. Пробајте еднаш и гарантираме дека ќе се враќате секое лето..

13009767_10208527336528236_2141703426_o

13000687_10208527345768467_747750473_o

13009699_10208527346728491_1731567006_o

Крушево за одмор и љубов
Шармантно мало гратче за заљубените- тука наполнете ги батериите и максимално релаксирајте се со Вашата љубов.
Полни очи – Каде и да се движите ве следи преркасна глетка на Крушево и околината, а доколку сте авантуристи и се искачите на крстот ќе имате глетка која што ќе ви остане врежана засекогаш.
Полни гради– Совршен спој на урбана средина со густа шума и вековни дрвја, ви го регенерира Вашето здравје и ве мами секое утринско кафе да го пиете на отворено.
Полно срце – Крушево на светот му даде ѕвезда, позната како Тоше Проески, која што љубов ја промовираше и ширеше насекаде. Денес Крушево прерасна во место што ја слави љубовта како единствена цел за нашето постоење. Сите спомени на нашиот Тоше собрани во неговата спомен куќа отворена за сите заљубени посетители.
Полни батерии – Ако Ви треба само одмор, тука сте на совршено место. Нашите пријатни  лета и меќи зими Ви даваат можност да здивнете од брзото темпо на живот.

13035625_10208527336448234_607264604_o

13009899_10208527339288305_465129447_o

13016430_10208527345488460_896254666_o

13016538_10208527338648289_1714608070_o

13035411_10208527341848369_546651038_o

13035411_10208527347008498_913586250_o

Крушево- град на култура
Одлична можност да видите се она што нашите предци го оставиле во наследство. За да се запознаеш себеси треба да ја познаваш својата татковина а тоа најдобро можеш да го научиш во Крушево. Секоја година се слави големиот Македонски празник Илинден, првиот момент од раѓањето на нашата Република. Тука ни е Крушево Етно Град- уникатен настан, каде што вашето присуство Ве доближува до минатото. Може да уживате во нашата богата и вековна традиција пренесена низ традиционалната облека и прекрасна музика.

слика саем!

13035678_10208527344088425_1782451566_o

 

Она што е сигурно дека од Крушево дома гладни не се враќате. Храната е неиизбежен дел од нашата култура. Традиција преточена во богата софра што никој не останува рамнодушен. Покрај тоа што Крушево нуди локална варијанта на најпознати Македонски јадења, во Крушево ќе најдете и уникатни јадења кои што не се припремаат на ниту една дуга локација

13036581_10208527342088375_448398309_o

pproizvodi

Крушево банер_и

. . да му дадеме шанса на туризмот, на убавините на Крушево и на гостите кои секоја година се почесто доаѓаат во Крушево…
www.krusevo.gov.mk
www.discoverkrushevo.com
#LoveKrusevo
#DiscoverKrushevo




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.