Запросувањето треба да биде посебен момент во животот на секоја двојка. Кога велиме посебен, мислиме на нешто што и таа и тој засекогаш ќе го паметат по убаво.
Но, бидејќи не има секакви, на овој „генијалец“ му текнало да ја изобличи таа идеја и се чини дека тоа е многу лошо решение.
Така, додека се возел со својата драга во автомобилот, некои момци му тропнаа на стаклото, што го „принудија“ да скршне од патот и да го паркира возилото настрана.
Потоа му се заканија, велејќи му дека ќе го претепаат затоа што му должи на нивниот мафијашки шеф 80 000 пезоси и на крајот го „натераа да клекне под закана на бејзбол палка“.
Се испостави дека станува збор за претстава што му претходела на „свечениот момент“, а ситуацијата толку многу ја исплашила сиротата девојка што почнала да плаче.
Таа се смири дури откако сфати дека никој не е во опасност и на крајот се согласи да се омажи.
Се надеваме дека на никој нема да му падне на памет иста или слична идеја.