Луѓето со овaa кpвна гpyпа нajтешко cлaбeaт

Без оглед на многубројните диети и строгиот режим на исхрана, не можете да ги изгубите вашите килограми? Причината барајте ја во вашата крвна група – откриваат нутриционистите.

Нутриционистката Сима Кана, објаснува дека луѓето со крвна група АБ+ или АБ-, имаат големи потешкотии во нивното слабеење.

Луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат своите навики за исхрана, додека пак луѓето со 0+ и Б+, многу лесно можат да ги изгубат килограмите.

Луѓето со крвна група Б+ имаат поголем базален метаболистички индекс (BMR) поради што тешко се дебелеат, објаснува д-р Сима.

Доколку сте лучност со крвна гупа А, тогаш дали сте подложни на дебелеење или пак не, зависи од вашата генетика.

Нутриционистот Питер Џ. Д’Адамо креирал диета за секоја крвна група и тврди дека намирниците кои што ги консумираме реагираат со нашата крв, па исхраната осмислена врз основа на крвната група е одличен избор доколку сакате да го забрзате вашиот метаболизам.

Освен тоа, на тој начин може да спречите развој на разни болести кои што ви се закануваат, објаснил д-р Д’Адамо.

Тој исто така наведува дека доколку се храните според крвната група која што ја имате, лесно може да ја постигнете посакуваната телесна тежина и да си го продолжите вашиот животен век.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.