ЛУДО СЛАВЈЕ ВО БИТОЛА! Вака се пречекуваат спортските херои (Фото галерија/Видео)

Синоќа, Платото пред Офицерскиот дом, каде што се одржа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула од страна на РК Еурофарм Пелистер, беше центарот на радоста и спортскиот дух на Битола. Голем број битолчани, верни навивачи, припадници на навивачката група Чкембари, како и бројни љубители на ракометот, се собраа заедно да го одбележат овој историски успех.

Настанот помина во извонредна атмосфера, исполнета со навивачки песни и голема позитивна енергија. Специјален придонес во забавниот дел на програмата дадоа музичките настапи на „Brass Brothers“ и популарниот пејач Димитар Андоновски, кои со своите изведби ја зголемија еуфоријата и донесоа дополнителна магија на вечерта.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се обрати на присутните, изразувајќи искрени честитки до ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот. Тој се заблагодари за нивната посветеност и професионализам, истакнувајќи дека со овој успех Битола уште еднаш докажа дека е вистински спортски град со огромен потенцијал и традиција во ракометот.

-Оваа вечер беше многу повеќе од прослава – таа беше симбол на заедништвото, страста кон спортот и гордоста на градот што стои зад своите шампиони – велат од општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.