Кристијано Роналдо нема намера долго да се задржи во Јувентус, тврди шпанскиот весник “Дон Балон”.
Наводно, Роналдо има план по една или две сезони да го напушти клубот од Торино и кариерата да ја продолжи во Соединетите Арапски Емирати.
Роналдо моментално зема 30 милион годишно, а во Емиратите му нудат двојно повеќе.
Шапнскиот весник дознава дека Роналдо добил понуда да игра за неверојатни 60 милиони евра годишно. Со тоа ќе стане апсолутен рекордер во колективните спортови.
Се шпекулира дека Португалецот веќе наредните денови би можел да постигне договор со клуб од УАЕ.
Иако има 34 години Роналдо игра одлично. Најдобриот играч на Јувентус оваа сезона постигна 19 голови и запиша 8 асистенции.