Лудило во Сплит: Торцида ги гаѓаше играчите со бакли и им порачаа да ги соблечат дресовите- хрватската гордост тоне (ВИДЕО)

Тешко разочарување за навивачите на Хајдук после поразот од Горица од 2:0, заврши со грди сцени на Пољуд.

После последниот судски свиреж играчите на Хајдук отидоа до северната трибина и тоа на повик на навивачите кои скандираа „дојдете ваму“.

Кога играчите се приближија, кон нив полетаа неколку бакли со повици „соблечете ги дресовите“.

За среќа, баклите не ги погодија играчите, немаше последици, но сепак не беше убаво да се гледаат овие сцени.

Кога се упатија кон соблекувалната од северната трибина се викаше „ќе добиете ќотек“ и „вие не сте Хајдук“. Некој фанови викаа и кон ложата, се слушна „кај ви е одговорноста“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.