Лоша вecт за сите тyтyнapи (Видео)

Манипулациите на државата со македонските тутунопроизводители, не престануваат.

По вчера-добиеното писмо за начинот на распределба на парите од Петтиот Ковид-пакет, тутунарите сметаат дека пак се изиграни. Освен што помошта од 12 денари ќе се дава само за третата и четвртата класа, а додека 2 денари ќе одат на втората класа, тутунопроизводителите пресметале дека државата и овде ќе им направи кражба, односно, наместо ветените пет милиони евра, ќе биле потрошени само 3.698.884 евра – oбјави “АЛФА ТВ”

„Нашите барања за ковид-пакетот беа да се распределат подеднакво по килограм тутун за сите тутунари….На овој начин државата популистички сака да се прикаже како добротвор кој поделил ковид-пакет и обесштетил тутунари со низок просек. На тие што им зеде по 2 евра по килограм, сега сака да си ги измие рацете со 12 денари….Каде се 1.301.116 евра од ветените до исплатените ?!“, – прашува Игор Мирчески, коориднатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Освен на ова, тутунарите имаат забелешка и на престојната исплата за субвенции. Според нивните математики, државата и овде направила кратење.

„Ако во програмата за субвенции за оваа година се предвидени 30, 7 милиони евра, а ќе бидат исплатени нешто помалку од 28 милиони евра, останатите 2 милиони и 700 евра во што ќе се распределат?! Или, ако направиме вкупна анализа во однос на субвенции и во однос на ковид мерката, вкупно ќе се потрошат 31, 7 милиони евра, а државата обезбедила 35, 6. Остануваат 4 милиони евра. Нашата држава наместо да дава, крати од парите обезбедени за тутунарите, што ќе рече дека со наши камења не удира по наша глава“, – објаснува Игор Мирчески.

Тутунарите не знаат зошто им се скратени и каде ќе бидат потрошени вкупно останатите 4 милиони евра. Исто така, тутунарите повторно побараа од премиерот Заев да си достои на дадениот збор за 185 денари просек кои им го ветил на тутунарите.

Каролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.