Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи и ветер од западен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 16, Битола 18, Кавадарци 22, Крива Паланка 18, Берово 17, Дојран 23 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален дожд со ветер.