Локвенец: “Сугарески и Туманоски ќе донесат 5.000 гласови плус за ВМРО-ДПМНЕ на 5-ти мај – Метлата за овoј хаос во Старата чаршија допрва следува” (Видео)

Стравот веќе помина, хунатата е на колена, народот се буди. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, престедателка на Унија на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренсуваме во целост.

“Почитувани сограѓани,почитувани дуќанџии од старата прилепска чаршија,почитувани пензионери.
Стравот веќе помина,хунтата е на колена,народот се буди.

Поминаа 18 месеци од ветувањата на најнеспособниот градоначалник во Македонија Илија Јованоски, дека ќе се реконструира старата прилепска чаршија, нашата гордост. И сами видовте дека само за Прилеп, Министерството за култура не оддели средства бидејќи за нив поважна беше двојазичноста и преименувањето на нашата државата.
Но, затоа во овие две години старата прилапска чаршија се претвори во место каде прилепските функционери на СДСМ се натпреваруваат кој поголем објект ќе изгради и кој повеќе место ќе узурпира.

Хаос на секој чекор. Се копа бекатонот, се спроведува струја и вода, се градат прво платформи, па над нив тврди објекти.., а градоначалникот молчи.

Дали и тој е дел од овој бизнис?

Дали негови вработени и другари ќарат од овој срам за градот.

Да прашаме, дали меѓу објектот на Сугарески и објектот на Туманоски може да помине противпожарно возило? Дали помеѓу овие струпови може да помине амбулантно возило?

Господине Јованоски,заради оваа алчност на вашите функционери метлата и те како ќе ве помине и во Прилеп на 5ти мај. Поразот и вашиот крај започна на 21ви април,а ќе заврши на 5ти мај”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.