Новиот прволигаш Тиквеш првиот натпревар од новата сеозна го одигра на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп.
Кавадарчани се соочија со шампионот Шкендија и ги запреа тетовчани на 0:0, што покажува дека Тиквеш нема да биде само учесник во најелитното фудбалско друштво кај нас.
На градски во Прилеп присутни беа околу 3.000 навивачи, а најгласни беа “Лозари”, навивачите на Тиквеш.
Во еден момент тие извадоја транспарент на стадионот, со кој оддадоја почит на десеттемина загинати бранители од Прилеп кај месноста Карпалак во конфликтот во 2001 година.
“Синови Македонци вечна слави ви, име ваше никој нема да заборави”, порачаа Лозари.