-На 26.08.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(41) и Н.А.(32), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно на железничката пруга Велес – Градско уништиле и оштетиле јавна инсталација на Железници на Република Македонија.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.