Лишени од слобода двајца битолчани – едниот возел “мpтoв пиjaн” со 2,55 промили алкохол во крвта, другиот дувнал 1,64

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М.(19) од с.Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта.

-На 08.11.2025 во 20:02 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б.(44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.