Извадоци од полицискиот билтен на МВР:
-На 30.12.2025 во 23:17 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ф.(33) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
-На 31.12.2025 во 01:42 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.М.(54) од с.Брусник, битлско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
























