Лидерот на ОМО Илинден Пирин, македонското здружение кое соседна Бугарија упорно одбива да го признае, се јави со контроверзна изјава преку својот Facebook профил.
Атанас Кирјаков, родум од Благоевград, напиша прилично контроверзна изјава на Facebook која веројатно ќе биде искористена како причина за Бугарија и натаму да продолжува со одбивањето за регистрација на неговото здружение ОМО Илинден Пирин.
„Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше расцепката во 1913 година на три дела: Егејски дел, Вардарски дел и Пирински дел“, пишува за тој за потоа да го додаде и контроверзниот дел.
„Мојата татковина е Македонија еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна држава“, завршува Кирјаков пишувајќи на бугарски јазик. Едно од барањата на Бугарија до македонската Влада е писмено да гарантира нашата држава дека нема територијални претензии. Но, и да се откаже од македонското малцинство на кое очигледно и тоа како му е потребна помош во борбата за признавање на основните права.