Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.
Од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, информираат дека двајцата лидери размениле мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој план.