Летни температури и во ноември: Доаѓа песок од Сахара и неверојатен скок на температурите

Под влијание на силно јужно и југозападно воздушно струење пред нас се денови кога атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, анализира Славчо Поповски.

Според метеорологот ќе има неверојатно покачување на температурите за овој период од годината.

Ќе се искачуваат во интервалот дури од 22 до 28 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 30 степени, што значи дека температурите ќе скокнат и за 10 степен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.