Нова победа и нови три бода за сензацијата во Премиер Лигата годинава, Лестер Сити. Лисиците ја забележаја 5-тата последователна победа денеска на гости против Сандерленд.
Лестер нема примено гол во претходните 5 натпревари и му недостигаат уште 9 бодови до крајот на сезоната со што со сигурност ќе ја обезбеди титулата, без разлика како ќе одигра Тотенхем или Арсенал во нивните натпревари.
Стрелец на двата голови беше Џејми Варди кој го заврши постотот на непостигнат гол во претходните 5 мечеви.
A.Г.