Aко може да се верува на пишувањето од медиумите, познатиот глумец Леонардо Ди Каприо наскоро би требало да застане пред олтарот.
Тој веќе осум месеци е во врска со манекенката Камила Мороне, а ако се суди според она што го објавуваат неговите пријатели на социјалните мрежи, Леонардо никогаш не бил повеќе заљубен.
Всушност, 21-годишната Камила инаку е ќерка на популарната аргентинска глумица Лучилa Соле, која е на иста возраст како и Леонардо, а е позната по врската со холивудскиот актер Ал Пачино.
Леонардо во последните неколку години немаше баш мир, па често ги менуваше девојките, а речиси сите беа млади манекенки, но се чини дека Аргентинката Камила Мороне е неговата сродна душа.