Плодовите од дрвото смоква ќе ве зајакнат особено во зима, периодот на настинки, па затоа сега е идеално време да го конзумирате овој лек.
Смоквите се исклучително корисни, како свежи, така и суви, а конзумирањето на штотуку набран плод е луксуз кој не му е достапен секому.
Но, постои одличен рецепт со суви смокви којшто буквално ќе го препороди вашето тело!
Благотворното дејство на смоквите:
– помагаат во регулација на работата на гастроинтестиналниот тракт
– високата концентрација на влакна во смоквите помага при слабеење и чистење на организмот од токсини
– смоквата е богата со калциум кој лесно се апсорбира и токму затоа се незаменливи за луѓето со нетолеранција на лактоза
– калиумот, кој е обилно присутен во смоквите, го зајакнува срцето
– смоквите содржат големо количество на антиоксиданти кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје
– ја подобруваат општата здравствена состојба на кожата и го изедначуваат тенот на лицето
– се сметаат за одлично средство за лекување на несоница и утрински мачини.
Природен лек од смокви
Потребни состојки: 40 суви смокви и маслиново масло
Подготовка: Ставете ги смоквите во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете го садот со капак и оставете го во фрижидер. После 40 дена веќе може да го консумирате овој лек.
Примена: 1 смоква во маслиново масло на празен желудник ќе ви помогне да во зајакнувањето и на телото и здравјето и ќе ве ослободи од здравствените проблеми.
Извор: “Press24.mk”