Лежел 33 години затвор за убиство и силување, а не бил виновен

zatvor-640x441

Поранешен американски морнар е ослободен од затвор после 33 години, затоа што благодарение на ДНК анализа е утврдено дека не е виновен за силување на жена и убиство на нејзиниот сопруг во 1982 година.

Врховниот суд во Вирџинија објавува дека Кит Харвард бил осуден врз основа на сведочење на експерти, дека трагата од угризот на жената се вклопува со угризот на осомничениот.

Харвард (59) бил осуден на доживотна робија.

Жената била силувана и нејзиниот маж е убиен во куќата додека трите нивни деца спиеле. После 30 години, ДНК анализа покажала дека за злочинот е одговорен друг морнар што умрел во затворот, кој извршувал казна за друго злодело.

Минатите години се ослободени 149 луѓе, кои биле осудени, а невини. Секој од нив поминал по 14,5 години во затвор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.