Играњето на најголемата фудбалска смотра во националниот дрес, пред полни стадиони додека се интонира националната химна, не може да се мери со ништо друго во “најважната споредба работа на светот”.
Иако зад себе оставиле многу, голем број магионичари на фудбалската игра немале среќа да се најдат на Мундијалите.
На младите љубители на фудбалот името на Аргентинецот Алфредо ди Стефано можеби не е познато. Може само да се каже дека тој бил Ривалдо на своето време. Ди Стефано е легендата на Реал, два пати најдобар играч на Европа, а дури пет пати ја освојувал Лигата на шампиони. Интересно е тоа што за време на својата кариера го носел дресот на три репрезентации, Аргентина, Колумбија и Шпанија, но ниту со една од нив не стигнал на завршниот турнир.
Слично искуство, да заигра за три различни репрезентации, доживеал и Унгарецот Ладислав Кубала. Играл за Чехословачка, потоа за Унгарија и за Шпанија, но како играч никогаш не го почувствувал жарот на Светските првенства.
Посебна приказна постои за Велс. Секогаш во сенка на големите Англика И Шкотска, Велшаните немале среќа да се најдат на Светските првенства, иако од секогаш имале играчи од светска класа, како на пример: Рајан Гигс, Џон Тошак, Марк Хјуз, Јан Раш, а денес и Герет Бејл.
Џорџ Бест имал слична судбина со Северна Ирска. Иако бил најдобар фудбалер во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, никогаш не успеал да го одведе својот тим на Мундијалот.
Се сеќавате ли на Ерик Кантона? Перфектен фудбалер, но за жал Ерик бил избркан од репрезентацијата во 1997 година, а една година подоцна Франција се искачи на врвот на светот.
Жорж Веа блескал во дресот на Милан. Три пати бил најдобар фудбалер на Африка, а во 1995 година ја освоил и Златната топка. Пласманот на Мундијалот во 2002 година со репрезентацијата на Либерија му избегал за само еден бод.