Бразилецот Роналдињо и Аргентинецот Хуан Роман Рикелме сакаат да му помогнат на бразилскиот клуб Чапекоенсе.
По страшната трагедија и загубата на најголемиот дел од фудбалерите во авионската несреќа што се случи крај Меделин, Колумбија, фудблските легенди се подготвени да заиграат за овој клуб од почетокот на идната сезона.
Роналдињо и Рикелме сакаат да дадат свој придонес за клубот да не згасне, со оглед дека во моментот располага со многу мал број фудбалери. И двајцата би играле бесплатно цела сезона во дресот на Чапекоензе.
–Мојот брат и пријателите сакаат повторно да се активирам и јас сериозно ја размислувам оваа можност. Подготвен сум да помогнам, изјави Рикелме.