Поранешниот репрезентативец на Македонија, легенда на прилепска Победа и актуелен претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев, во соработка со гостилницата „Боем“ од Велес, одново ја организираат хуманитарната акција “условен оброк”, со цел за празниците кои ни доаѓаат, ниту еден жител во Велес да не биде гладен.
Се работи за одлична хумана акција, која може да послужи како идеја и да се организира и во останатите градови и населени места во Македонија.
Во продолжение соопштението кое на социјалните мрежи го објавија од гостилницата “Боем”:
1️⃣Гостилница Боем во својата програма повторно ја активира акцијата “УСЛОВЕН ОБРОК”. Сметаме дека околностите во кои живееме ја оправдуваат оваа акција во целост, и во деновите кои претстојат храната е потребна како никогаш досега.
2️⃣Планирани се две акции на делење на оброци. Првата на денот на дочекот на новата 2021 година (31-12-2020), и втората на Бадник (06-01-2021) во новата 2021 година.
За акцијата на Бадник ќе ве информираме за скоро.
3️⃣Акцијата на 31-12-2020 ќе се одвива пред Гостилницата со почеток во 12 часот. Логистичката поддршка ќе биде обезбедена од страна на волонтери на црвениот крст.
Организатор и главен донатор на оваа акција е господинот Панче Ќумбев со семејството кој е веќе традиционален поддржувач на акцијата и самата гостилница Боем.
Дента ќе бидат поделени 600 топли оброци. Целната група се социјално загрозени лица, и лица со ниски примања.
4️⃣ Она што е најбитно. Упатуваме јавен апел до сите Вас, граѓани на град Велес. Бидејќи оние на кои им е потребна оваа храна, ретко или никогаш не користат социјални мрежи.Споделете го постот. Нека се прошири информацијата секаде. Направете добро, информирајте ги, или дојдете до гостилницата, подигнете оброк и однесете го до нивниот дом. Секој заслужува свечен оброк на денот на новата година.
5️⃣ Можност за помош во било која од овие акции е кутијата за донации пред гостилницата, или во самата гостилница каде можете да купите УСЛОВЕН ОБРОК. Подетални информации на 076743635.
6️⃣ Изборот на храна ќе биде адаптиран и за лицата од муслиманска вероисповед , и за оние кои се уште ги следат христијанските божиќни пости.
ЗА ПРАЗНИЦИТЕ КОИ СЛЕДАТ ВЕЛЕС НЕМА ДА ИМА НИТУ ЕДНО ГЛАДНО ЛИЦЕ.