Легендата за Свети маченик Никифор – што треба да направите денес

nikifor

Православната црква и верниците денеска го слават денот посветен на Светиот маченик Никифор, чие житие јасно покажува дека Бог ја отфрла гордоста и славата и зголемува смирение и братска љубов.

Предавањето, које остана зад животот на Светиот маченик Никифор е една од најубавите приказни за страдање за она што е право и љубовта кон Бога и Христос.

Легендата вели дека во Антиохија живееле двајца блиски пријатели – учен свештеник и обичен, слободен граѓанин Никифор. Но, по некое време, нивното пријателство прераснало во голема омраза.

Богобојазливиот Никифор се обидел неколку пати да се помири со свештеникот, но тој никако несакал. Потоа дошло до гонење на христијаните и свештеникот бил осуден на смрт. Никифор дошол до него и го молел и  барал да умират заедно, но свештеникот останал неумолив.

– Ве молам, Христов маченику, прости ми ако нешто сум ти згрешил- молел, но свештеникот не погледнал зад него.

Молбата на Никофор го допрела и Бог,а ладнокрвноста на свештеникот многу го налутила, а посебно тоа дека свештеникот се одрекол од Бог и се поклонил на идолите.

Тој го молел свештеникот да не се откажува од Бог, тој толку многу го молел да не се откажува што на крајот рекол дека и тој самиот е Христијанин и дека треба и него да му ја отсечат главата,наместо на свештеникот.

Па така свештеникот е пуштен а Никифор погубен.

Тој неправедно пострадал поради пријателството, па затоа денес отворете ги вашите срца и проштевајте, заборавете на лошото кое е зад вас и ќе видите дека животот ќе ви стане поубав и поисполнет.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.