Лажни се информациите дека во Прилеп се киднапирани деца, велат од СВР Битола

Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните. Во врска со лагите кои од страна на неодговорни поединци се шират по социјалните мрежи за наводнo киднапирања во Прилеп, СВР Битола ја известува јавноста дека станува збор за класично ширење на невистини со цел да се вознемират граѓаните – информираат од СВР Битола за наводната вест дека во Прилеп биле киднапирани деца.

-Нема никакво киднапирање ниту во Прилеп ниту било каде во државата. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги. Полицијата ја гарантира безбедноста на сите граѓани. Против лицата што шират лаги со цел да предизвикаат паника, во координација со обвинителството, ќе бидат преземени соодветни мерки – стои во соопштението од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.