Ладен туш од Израел за Зеленски: “Нема да дозволиме Америка да им ја испрати нашата противвоздушна обрана”

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја нема да дозволи САД да испратат израелски мобилен систем за воздушна одбрана „Железна купола“ во Украина.

Овој систем за воздушна одбрана, конструиран од израелските индустрии за специјални намени со финансиска помош од САД, е дизајниран да пресретнува ракети и артилериски гранати истрелани од далечина од четири до 70 километри.

Во интервју за Wall Street Journal, Нетанјаху објасни дека Израел не може да ризикува оваа технологија да падне во руски раце и Москва потенцијално да ја пренесе на Иран.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.