Лавров и Помпео очи во очи: Еве за што разговараа шефовите на дипломатијата на Русија и Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека го примил својот американски колега Мајк Помпео во Сочи и наведе дека е време Русија и САД да формираат “поодговорни” односи како би излегле од моменталната ситуација.

“Време е да започнеме да градиме нов модел како Русија и САД се гледаат меѓусебе. Ние сме подготвени за тоа”, рече Лавров на почетокот од разговорот со американскиот државен секретар, пренесува Франс прес.

Помпео наведе дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен да ги подобри односите меѓу САД и Русија.

“Денес сум овде бидејќи претседателот Трамп е решен да ги подобри овие односи”, рече Помпео.

Помпео рече дека овие држави сакаат да ги заштитат своите интереси, но и дека постојат области во кои може да се соработува, вклучувајќи ја и борбата против тepoризмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.