“Лавовите” од Ѓорче по трет пат сезонава ја победија прилепска Победа

Со головите на Абази во првото, и Скендери и Алексовски во второто полувреме, екипата на Македонија Ѓорче Петров по трет пат сезонава триумфираше над прилепска Победа.

Натпреварот од 13-то коло кој попладнево се играше на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, беше шанса за Победа да стигне до нов триумф пред домашната публика и да ја прескокне Македонија Ѓорче Петров на седмото место на табелата, но се случи спротивното.

Ѓорчепетровци по трет пат сезонава беа подобри од црвено-белите, откако во домашното првенство триумфираа со 4:1 во Скопје, а во Купот ја исфрлија Победа со 0:2 во осминафиналето.

Ова е осми пораз за Победа во Првата лига, која останува на деветтото место на табелата со 11 освоени бода.

Во наредното коло победашите во Прилеп го пречекуваат минатогодишниот шампион Шкупи, со кого веќе имаат едно реми на стартот од сезоната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.