Во манастирот Св. Петка во село Лениште прилепско, единицата за брза интервенција од конфликтот во 2001 година Лавови, и оваа година го одбележа својот заштитник Св. Великомаченик Димитриј – Митровден.
Нивната традиција на празнување и собирање во овој божествен храм претставува традиција која се негува. На празнувањето присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.
Традиционално беше одбран и нов домаќин за наредната година, тоа е Дејан Тодороски, кој ќе го продолжи аманетот на овие бранители и нивната посветеност и љубов кон овој божји храм.