“Курир”: Пpoтecт во фабриката на Претседателката на Стопанската комора во Прилеп (Фото)

Вработените во фабриката Комфи Ангел од Прилеп во текот на вчерашниот ден излегле на пpoтecт.

Пpoтecтот во фабриката која се занимава со производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци го поддржaa речиси сите вработени во фабриката – oбјави “Курир”

Причината за протестот била третата смена во фабриката. Според она што го велат вработените ноќната смена во фабриката започнува во 10 часот навечер во недела, а завршува во 6 часот наутро во понеделник со што на вработените им се исплаќаат само 2 часа прекувремена работа за викенд наместо 8 каква што е реалната работа – додаваат од “Курир”.

За иронијата да е уште поголема фабриката е во сопственост на Ирена Јакимовска која е претседател на Стопнаската комора за Прилеп и важи за многу блиска до актуелната власт. Неодамна таа заедно со Зоран Заев имаа скандалозна изјава во која посочија дека Македонија се соочува со огромен недостаток на работна сила па алудираа на носење на работници од странство – дополнуваат од порталот.

Од јавноста ваквата изјава на Јакимовска и Заев беше протолкувана како отворање на врата за илјадници мигранти од блискиот исток.

„Во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави тогаш Заев.

Очигледно е дека Македонија нема проблем со недостаток на работна сила, туку работодавци кои не сакаат да им го исплатат на вработените во државата па тие мораат среќата да си ја бараат надвор од државата.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.