Осумдесетина домаќинства, без оглед на финансиската состојба, добиле брашно кое им го обезбедил нивниот сосед Зијад Делиќ.
На овој хуман Босанец од Боровница не му е прв пат да помага. Познат е по својата великодушност – вели еден од мештаните на Боровница.
Зијад Делиќ долго време живеел во странство, поточно во Луксембург, а после заминувањето во пензија се вратил во родното место – пишуваат медиумите во Босна и Хецеговина.
Во Боровница овие денови се регистрирани првите случаи со коронавирус, па овој хуман човек ги помага своите соседи.