Купил лото и го заборавил в џеб: Шест месеци не знаел дека освоил 15 милиони евра

Еден човек од Германија доживеал вистинско чудо откако посегнал по стара јакна и во нејзиниот внатрешен џеб пронашол заборавен тикет со кој освоил над 15 милиони евра.

Еден човек од Германија добил 15,3 милиони евра на лотарија, а со месеци не бил свесен за тоа, сè додека не нашол заборавен тикет во џебот на стара јакна.

Имено, човекот од областа на Франкфурт немал поим дека е добитник на главната награда во текот на целата пролет и лето, иако компанијата за лотарија Lotto Hessen организирала обемна кампања со постери за да го идентификува мистериозниот добитник.

Како што температурите паднаа, човекот посегнал по јакната што не ја носел од март и нашол превиткано парче хартија во внатрешниот џеб.

„Дури за време на викендот го најдов повторно тикетот, превиткан во внатрешниот џеб од јакната. Кога ги проверив броевите на телефонот и ја видов сумата, бев целосно шокиран. За среќа, седев – инаку колената ќе ми се превиткаа“, рече среќниот добитник.

Иако дури и слушнал за кампањата за потрага по победникот, никогаш не му паднало на памет дека тој е оној што се бара.

„Слушнав за тоа на радио и си помислив ‘колку глупав мора да биде некој за да не земе таква награда’. Никогаш не ми падна на памет дека тоа сум јас“, призна тој со насмевка.

Кога го прашале како ќе ги потроши добивките, рекол дека прво ќе купи нова гарнитура за дневната соба. Тој и неговата сопруга планираат да ги искористат поголемиот дел од парите за иднината на своите деца.

И двајцата се согласија да не кажуваат никому колку всушност добиле на лотарија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.