Поранешната пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, на ФБ ја прокоментира последната срамна гестикулација на премиерот Зоран Заев.
-Честопати сум сакала да објаснам на оние кои не го познаваат колку е прост, но никогаш не ми успеало на начин на кој самиот најдобро се објасни себеси – напиша Куновска.
На еден од коментарите под нејзиниот статус кој гласи:
-Простотилакот на најјако…ама… тоа е ништо,во однос на бруталната најдолна криминална математика која всушност таа и само таа се врти во неговата глава и сега потсвесно ја призна на јавна сцена. Покажувањето “ЕВЕ ВИ ГО НА“ се однесуваше на тоа дека,квадратите и еврата пак он ќе ги врти и распределува и нема шанса некој да се доближи до нив. И сепак треба сериозно да се запрашаме, како воопшто дозволивме ваков лик да дојде на вакво место… Срамот е на нас сите!!!
Куновска одговара:
-Не само тоа. Неговиот срам станува и срам на СДСМ, а тие пустите аплаудираат на простотилакот и зад него и во публика пред него.