КУНОВСКА БАРА ПРОФЕСОРИ ДА ГО АНАЛИЗИРААТ ЗАЕВ: Се молат професорите по македонски јазик и по меѓународно право да го земат црвеното пенкало

Се молат професорите по македонски јазик и по меѓународно право да го земат црвеното пенкало и да ја прегледаат следната писмена работа, пишува социјалдемократката Софија Куновска. Куновска, која беше прв човек на скопската организација на СДСМ, го цитира Заев кој има изјавено:

„Можеби недоволно зборуваме, ерга омнес значи мој однос наспроти сите, тоа е ерга омнес, наспроти интер партес и тоа е однос меѓу двајца, меѓу Македонија и Грција. Сега ерга омнес се појави дополнително и за внатрешна употреба, но се работи за политичко прашање. Зошто политичко? Затоа што двете страни мора да изнајдат решение коешто е взаемно прифатливо, за да помине низ институциите на двете земји. Јас можам да кажам дека при овој дел на креативноста сите опции се отворени, веројатно. Ние и разговараме кога би се спровел референдум, дали би значело конечност на ова решение во одреден период, а не веднаш, можеби веднаш, па така е најдобро, сето тоа е дел од модалитетите за кои се разговара, така што рамката е многу важна, временската рамка за носењето на одлуките“, вели Заев цитира Куновска .

На ова Куновска коментира: Ако вака прецизно се преговара како во цитатот, Господ нека ни е на помош.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.