Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, прилепчанецот Горан Кузманоски – Таста, го формираше својот стручен штаб пред стартот на подготовките за настапот на Европскиот младински олимписки фестивал.
Во стручниот штаб на Таста, ќе бидат тренерот на голманите во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Ице Соколески, и поранешниот македонски репрезентативец Митко Стоилов, кој во моментов е тренер на Младост Богданци.
Стоилов зад себе има богата кариера, со настапите во Младост Богданци, Вардар, Металург, Загреб, Одорхеи, а Соколески пак е познат по одличната работа досега со младинските категории.
Ова ќе биде супер можност за младите ракометари да учат и да се подготвуваат преку совети од врвни ракометни имиња, па сите заедно веруваме дека ќе прераснат во одлични ракометари, кои еден ден ќе ги заменат големите ракометни ѕвезди.