Кузманоска неуморна, откако се скрои буџетот, тргна да ги радува најмладите (ФОТО)

Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп и пратеничката Билјана Кузманоска, денеска ги израдуваа најмалите пациенти во детското одделение во прилепската болница “Борка Талески”.

-Во пресрет на празниците, на дечињата им подаривме новогодишни пакетчиња и ги изненадивме со посета од Дедо Мраз, кој донесе радост и празнична магија. Им посакавме брзо оздравување, добро здравје и среќно, безгрижно детство – напиша Кузманоска на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.