Со награди се врати КУД „Мирче Ацев“ од турнејата во Хрватска. Успешниот настап им донесе прво место на меѓународниот фолклорен фестивал во Велика Горица. Нашите играорци се закитија со награда за кореографија и за настап.Членовите на друштвото се гордеат со врвното претставување на Македонија.
КУД „Мирче Ацев“ оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески кој им посака многу успеси и понатаму.
Друштвото се претстави во Лудбрег, а потоа и на Макарското културно лето. Ги разбуди емоциите раскошниот македонски фолклор и традиција.
Гостувањето во Макарска беше плод на повеќегодишната соработка со фолклорниот ансамбл Темпет, а за успешната турнеја на нашето друштво пишуваа повеќе хрватски весници.